Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 август 2016
Неделата наутро 07.15 час. во Полициска станица Велес пријавено е дека ноќта сабота кон недела, 6 и 7- ми август дека во продавницата на МИК е извршена кражба.
Од СВР Велес информираа дека непознат сторител извршил тешка кражба во продавница „МИК -Свети Николе“ лоцирана на улица Димитар Влахов во Велес . Сторителот во непознато време, со подесен клуч ја отклучил влезната врата , влегол внатре и од касата одзел 6.000 ден ари во разни апоени по што го напуштил лице местото.
Увид на лице место изврши увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес. Од полицијата најавуваат дека превземаат мерки за расветлување на случајот.
Tweet |