Петар Печков
Објавено: вторник, 29 октомври 2013
Ноќта помеѓу 20 – 21-ви октовмри салонот на Техномаркет во Велес, лоциран во комплексот Чешел, кај преминот за Мало мовче, е ограбен. Според велешката полиција биле украдени шест лап топи, 5 марка Тошиба и еден Леново.
Сеуште не е проценета материјалната штета. Крадецот(и) го скршиле со подесен алат катанецот и бравата, влегле во просторијата и од неа ја украле оваа техничка стока.
СВР Велес трага по сторителот(и). Во 2010-та од овој маркет беше украдена техничка стока вредна 250 илјади денари а крадецот не беше пронајден.
Tweet |