Никола Солев
Објавено: петок, 30 декември 2005
Доминацијата на мажите во користењето на Интернет можеби е при крај, наведено е во едно истражување. Интересно е што двата пола ја користат мрежата за различни нешта. Истражувањето наведува дека 68% од мажите и 66% од жените се online. Бидејќи жените имааат поголем удел во популацијата, тоа значи дека се побројни на Интернет од мажите. Мажите преку Интернет читаат online колумни, земаат веб часови, симнуваат софтвер и музика и користат веб камери. Наспроти ова, 94% проценти од жените Интернетот го користат за e-mail. Жените ја користат поштата за да го прошират и зацврстат својот круг на пријатели, додека мажите ја користат за работа.
Tweet |