речник контакт

Крајбрежјето на езерото Младост нечисто, посетителите го оставија сметот

Посетителите бараат повеќе корпи, надлежните велат контејнерите празни

Петар Печков

Оваа летна сезона крајбрежјето на езерото Младост е полно со ѓубре. Наместо контејнерите, сметот е по плажите и тревните површини. Посетителите кои годинава дојдоа на оваа вештачка акумулација да се разладат, се жалат на хигиената.  Тие имаат сериозни забелешки за овој проблем, кој создава грда слика. 

Потребно е да се остават повеќе корпи, да се чистат плажите, да се уредат. Забележливо е што дел од гостите немаат еколошка свест, па сметот го остават таму каде што  седеле. Потребно е да се вложи во овој простор  за да се вратат луѓето - вели посетител .Кесиња со смет се по површините или пак закачени на дрвјата,кои така се украсени среде лето, како  овогодишни елки.  На реакциите на посетителите од локалната власт, одговорноста на префрлаат кон нив.

Имаме поставено повеќе контејнери, кои се празни за жал. Околу нив смет, а во нив нема ништо. Секој понеделник од ЈКП Дервен минат и ги чистат површините за да по викендот се иста лоша слика, површини преполни со ѓубре. На 30 метри од гостите има контејнерии, не можеме до секого од нив да поставиме корпа.  Сепак е до човекот и неговата совест - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.  

Езерото Младост крај Велес, летово половината од него беше заборавено.   Се наполни го гости. дури во средината на месец  јули, кога започна сезоната за капење. Рекордниот водостој, прв по април 1984-тата година, освоените плажи од водата, беа причина што капачите го одбегнуваа овој рекреативен излетнички центар. Но продолжениот  викенд  до 17 јули, тие дојдоа на бреговите од езерото, барајќи спас од високите температури, но и освежување и рекреација. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »