речник контакт

Крвава меѓусемејна тепачка во Бузалково

Роднинска тепачка со чекан и нож, поради нерасчистени стари сметки

Петар Печков

 Во понеделникот попладне   во 17,15 часот во селото Бузалково велешко, настанала расправија помеѓу  братучедите О.Х.(49 год ) и Р.Х.(19) од една страна и  браќата А.Н.(20) и Ш.Н.(24) од друга страна.  По вербалната расправија дошло и  до  тепачка во која си размениле удари со тупаници. Но и тука не завршиле па во тепачката  биле употребени нож и чекан, нанесувајќи си  меѓусебно видливи повреди. 

Поради  здобиените рани  на  братучедите Р.Х. и О.Х. кои го извлекле подебелиот крај им била  укажана лекарска помош во  Општата Болница  Велес а подоцна биле пуштени на домашно лекување. СВР Велес  се презема мерки за целосно расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »