Петар Печков
Објавено: недела, 02 септември 2012
Крвава тепачка за дрва во велешкото село Бузалково во која дел од повредените завршиле во болница. Според полицијата настанот се случил во саботата попладне околу 16,30 часот во атар на село Бузалково кога лицата А.Б. ( 31 год) А.Б. (41 год) и Н.Б. ( 35 год) сите од Бузалково се возеле со трактор и биле пресретнати од скопјаните Љ.Б., А.Б. и Ј.Б. од селото Лениште.
Тие кои биле вооружени со пиштоли, по што едниот од нив А.Б. пукал во предната гума, а потоа и неколку куршуми во задната гума од тракторот за тој да престане да се движи и групата да не може де бегаа. Потоа Љ.Б. почнал со секира да ги удира лицата од тракторот нанесувајќи им телесни повреди на две од нив, скршеници на двете раце, додека тие го бранеле телото од ударите. Потоа од тракторот одзел ловна пушка марка “ИЖ 27“ сопственост на Н.Б., му ја вперил на главата и се заканил дека ќе го убие.
Откако завршиле со нападот, им кажале да го земат тракторот и да си одат. СВР-Велес превзема мерки за расчистување на случајот. Според селаните причината за оваа крвава тепачка е што нападните береле дрвја од имот на напаѓачите, за кои тие сметале дека е нивен и за тоа претходно им кажале дека немаат право да го чинат. Но откако ја повториле бесправната сеча, биле пресретнати и претепани.
Tweet |