Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јануари 2020
Крводарителите од Велес, но и соседните општини Градско и Чашка и ланската година се најхумани во Македонија. Тие го натфрлиле планот за собирање крвни единици кој е 1861 и собрани за 12 месеци се 4.479. Со тоа планот е реализиран со 240,60 отсто.
Минатата година во однос на кродарителството заврши одлично за Општинската организација Велес. Согласно извештајот на централата на Цревниот крст на Македонија, повторно сме први, како и 2018-та, со најмногу натфрлен план, споредено и рангирано до останатите општински организации - изјави секретарот на ОО на Црвен Крсте Велес, Орце Николов.
Од собраните 4.479 крви единици, 528 се нови крводарители, кои дарувале прв пат. Од вкупниот број 904 крви единици собрани се од жени и 3.575 се од машки пол.
За потсетување и 2018-та година, велешките крводарители беа најхумани во Македонија. Планот од 1.861 беше остварен со 243% или беа собрани вкупно 4.519 крвни единици.
Tweet |