Петар Печков
Објавено: четврток, 17 март 2022
Општинската организација на Црвен крст од Велес со врачување на благодарници на крводарителите го одбележа 17 март, денот на крводарителството. Овој ден е празник на луѓето кои доброволно ја даруваат својата крв за да спасат нечиј живот. Ова е ден и на луѓето кои со членувањето и активноста во најхуманата организација стојат највисоко на скалата на хуманоста и човечноста. О
пштинската организација на Црвениот крст од Велес со години наназад се вбројува во една од најдобрите на планот на крводарителството на републичко ниво. Минатата таа се најде на третото место. Претходно две години по ред во 2018 и во 2019 година е рангирана на прво место, во 2020 на второ. Тоа е успех за почит.
„ОО на Црвен крст од Велес со години е меѓу најдобрите во државата. За тоа најголема заслуга имате вие крводарителите, кои несебично доаѓате на крводарителските акции. или во одделението за трансфузиона медицина при Општата Болница во Велес. Радува фактот што секоја година во Велес, Градско и Чашка, има нови дарители кои даруваат крв а прв пат. Лани такви имаше 438 лица. Голема благодарност и за останатите крводарители кои минатата година дарувале 3.677 крви единици. Крвта е неопходна за да се продолжат многу животи, затоа придонесот на крводарителите е огромен и немерлив“ - кажа Милица Ристовска Темелковска в.д. претседател на ОО Црвен крст Велес.
Во 2021 година најмногу крвни единици собрале дарителите од Кавадарци, кои се први на републичко ниво а втори се дарителите од Виница.
На присутните им се обрати и заменикот градоначалник Коста Нојков.
„Нека е честит најхуманиот празник Денот на крводарителството. Хуманоста е една од најплеменитите човечки особини. Тоа што за некого е малку, за друг е многу. Велешани се познати по својата хуманост. Останува да ја подигаме свеста за дополнителен развој на крводаритеслтвото преку индивидуални и колективни крводарувања. Затоа сме тука да им оддадеме признание на најзаслужните. Дарувањето крв прави секој од нас да биде супер херој, да спасува нечиј живот. Придружете ни се и вие“ -порача Нојков.
Овој ден е посебен. Не затоа што е поинаков од другите, туку затоа што денес можеме да ги видиме оние луге на кои можеби не им го знаеме ниту името, а кои спасуваат живот. Тоа се лугето кои ја носат хуманоста во себе. Тоа се лугето кои не зборуваат за себе, а за кои треба да се зборува. Мора да бидете силни, човечни, хумани, солидарни па дури и да се борите во времето на невреме. Хуманоста не се купува, таа се дарува. А за возврат, денес јавно им се заблагодаруваме на сите што во изминатиов период несебично подаваа рака и даруваа крв. Тоа се лугето кои во текот на минатата 2021 година ја заокружиле бројката од 50, 75 и 100 дарувања на драгоцената течност.
Благодарница во знак на признание за 100 дарувања доби Зоран Несторовски.
Благодарница во знак на признание за 75 пати дарувано крв им се додели на:Иле Наумовски , Јорго Стојановски, Влатко Милошев , Драган Ивановски, Ѓорги Станинов, Оливер Тодоровски и Живко Стојменов.
Признание во знак на благодарност за 50 пати дарувано крв добија: Тодорче Јордановски, Горанче Јордановски, Марјан Васковски, Марјан Трајковиќ, Горан Алексовски, Трајче Ѓошевски, Марјан Наумовски , Томе Јаневски, Влатко Стојчевски , Јованче Митровски , Зоран Спирковски
За значаен придонес за исполнување на локалниот и републичкиот план за крводарителство во 2021 година и за поддршка на крводарителството благодарница им се додели на Мото Клуб „Носачи на крстот“, ОО на Црвен крст Градско и Народен музеј Велес.
Tweet |