речник контакт

Крводарителска акција во ОУ Блаже Конески, собрани 44 крвни единици

Ова е последна акција за крводарување годинава

Петар Печков

По повод патрониот празник на ОУ Блаже Конески, во ова училиште се организираше крводарителска акција. Собрани беа 44 крвни единици, 29 од машки и 15 од женски дарители.

Немало дарување на лица кои  прв пат ја подават раката за најдрагоцената течност. Крв даруваа вработени и родители на децата кои посетуваат настава во оваа образовна институција. 

Ова е 12-о крводарување кои се организира во училиштето а по повод патрониот празник. 

Акцијата е организирана од Општинската организација ан Црвен крст Велес и  Заводот за трансфузиона медицина. Таа беше последна за оваа 2018-та година, која од општинскиот Црвен крст ја оценуваат за успешна.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »