речник контакт

Крводарителска акција во велешката касарна, собрани 25 крвни единици

Резултати се многу добри, ако се има во предвид фактот дека во моментов во касарната нема војници доброволци

Петар Печков

Во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ денеска се одржа крводарителска акција. Припадниците на Армијата денеска даруваа вкупно 25 крвни единици. Поголем дел од дарителите -23 биле од машки пол, а две од женски.

Овие резултати се многу добри, ако се има во предвид фактот дека во моментов во касарната нема војници доброволци и дека даруваа само професионалните војници, офицерите и подофицерите кои се на служба во Велес - информираше Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крт Велес.

Акцијата седнички ја организираа Инситутот за трансфузиона медицина и Општинскиот црвен крст на Велес. На истата се презедоа мерки за безбедност како превенција од ширење на ковид-19 вирусот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »