Петар Печков
Објавено: вторник, 20 декември 2016
По повод патрониот празник на Основното училиште ,,Блаже Конески,, и 95 години од неговото раѓање ,се одржаа повеќе активности. Се одржа традиционална акција за дарување крв, 10-та по ред. На крводарителската акција беа собрани 39 единици крв, а дарители беа родители, наставници, технички персонал, поранешни ученици од училиштето и граѓани/
Со оваа акција уште еднаш ја покажавме нашата хуманост на дело – велат надлежните од училиштето.
Истовремено како активност се одржа акцијата „Подари лектира на училишната библиотека“. Во училишната библиотека, учениците донираа поголем број на различни лектирни изданија, корисни за сите ученици. Истите ќе бидат користени од страна на самите ученици, за нивните потреби.
Tweet |