речник контакт

Кривична за бизнисмен за измама

СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Т.Б. (45) од Велес, поради основано сомнение дека сторил две кривични дела „Фалсификување исправа“ и „Измама“ со што се стекнал со противправна имотна корист во висина од околу 106 000 денари

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето Т.Б. (45) од Велес, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Фалсификување исправа“ и кривично дело „Измама“ со што се стекнал со противправна имотна корист во висина од околу 106 000 денари.

Пријавениот Т.Б. на 01.08.2007година  како управител на фирмата „Бонекс-ком“со општина Чашка склучил Договор за закуп на задружен дом и нива лоцирани во населба Чашка, со намера да ги користи за производство и одгледување на полжави.

На ден 26.06.2008 година, го искористил веќе склучениот Договор, односно, во него го избришал корисникот „Бонекс-ком“ и го впишал името на новоформираната фирма „Агро-линк“ , и до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој доставил Пријава-Барање за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на земјоделството во 2008 година. По добиеното барање Агенцијата му исплатила средства во висина од 29 448 денари.

Истото го сторил и на 29.05.2009 година, кога до Агенцијата повторно го доставил фалсификуваниот Договор, по што му биле исплатени 76 500 денари.

На ден 14.06.2010 година пријавениот до Агенцијата повторно доставил барање за користење средства од програмата за финансиска поддршка за 2010 година, по што од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство утврдено е дека се приложени фалсификувани Договори, заведени со ист архивски број, но со променет корисник.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »