речник контакт

Кривична за велешанец кој организирал свадба дома, во време на ковид-19

Пријавениот и покрај прописите донесени со Одлука на Владата, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица

Петар Печков

МВР информираше дека поднела кривична пријава за велешанец, кој организирал свадба во неговиот дом, во време кога е забранета поради пандемија на ковид-19.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Д.(41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 8-ми мај во периодот од 12.30 до 17.30 часот на ул.„Богдан Каракостев“ пријавениот и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица - пишува во информацијата на МВР.

Со Уредба на Владата со законска важност, свадбите се забранети во овој период, заклучно и денес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »