речник контакт

Кривична за велешанец кој шетал со пушка по улица

Настанот се случил на 18-ти февруари годинава

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од Велес за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

„На 18 февруари, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пушка марка „Баикал“ од руско производство, со калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница. Движејќи се по улица во Велес, оваа пушка ја носел со себе, кога го запреле полициски службеници“ - соопштија од ОЈО Велес.

Поради околности кои упатуваат дека осомничениот може да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес,  бил доставен предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.

фото илустрација архива

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »