Петар Печков
Објавено: четврток, 23 февруари 2012
Директорот на „Жито Вардар“ АД Велес е осомничен дека злоупотребувал државна пченица и на тој начин го олеснил државниот буџет за 202,6 милиони денари, соопшти МВР.
Полицијата против осомничениот директор, Р.Т.(59) од Велес, поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Кривична пријава за злоупотреба на овластување во стопанството е поднесена и против фирмата „Жито Вардар“.
Според полицијата, осомничениот во својство на извршен директор во текот на 2011 година го прекршил законот и Договорот за складирање, чување и обновување на стоковните резерви на житни култури, склучен со Агенцијата за стокови резерви. Тој над 5.300 тони меркантилна пченица како и 7.700 тони пченка за сточна храна, кои биле доверени на чување во складовите на „Жито Вардар“, ги искористил за производство на пченично брашно како и и за сточна храна.
Tweet |