Петар Печков
Објавено: петок, 10 мај 2019
МВР информираше дека СВР Велес поднела кривична пријава против Г.П.(49) од Велес, поранешен градоначалник на општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување”.
Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот одобрил времено вработување со договор на дело за 40 лица во општина Чашка, иако општината немала потреба од вработување. После тоа, тие воопшто не доаѓале на работа и не биле потпишувани во евидентните списоци, а договорите им се продолжувале секој месец и им се исплатувал надомест од општината - пишува во соопштението.
Tweet |