речник контакт

Кривична за запуштање на дете, за мајката која го оставила новороденчето во болница

Мајката следниот ден дошла и си го земала бебето

Петар Печков

Мајка го оставила во болница штотуку роденото бебе и си отишла. Полицијата и поднела кривична пријава.

„СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 1 февруари годинава, откако се породила во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе“ – соопштија од МВР. 

На поставеното прашање до велешка болнциа, каква е натамошната судбина на бебето, каде заврши новроденчето откако мајката го оставила, информираа дека мајката  дошла следниот ден и си го земала бебето.  

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »