речник контакт

Кривична за извршител од Скопје

Таа продала дел од НА-МА иако просторот не бил под залог

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против  Ј.Ѓ. (51) од Скопје , поради основи за сомнение дека во својство на службено лице- Извршител , на 12 ноември минатата година  сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување„ .

Пријавената по барање на заложен доверител- Тутунска банка АД Скопје, спровела присилно извршување врз имот на АД „Велеспром„ врз основа на нотарски акт од 2005 година, при што продала дел од стоковната НА-МА  од 772 м2 - имот на АД „Велеспром„ , кој не била оптоварен со залог.

Со оваа продажба  Ј.Ѓ.  нанела значителна материјална штета  на АД „Велеспром„ во износ од 7,5 милиони денари а  во корист на доверителот Тутунска банка АД Скопје.   

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »