Петар Печков
Објавено: петок, 15 април 2022
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.М.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
„На 10-ти ноември минатата година, во Велес во продажен објект, пријавениот употребил фалсификувана банкнота од 100 американски долари. На 25.11.2021 полициски службеници извршиле претрес во просторија која ја користел пријавениот, при што биле пронајдени сомнителни банкноти во износ од 396.200 американски долари во апоени од 100 долари“- соопштија од МВР.
Лицето М.М. од Скопје во Велeс ќе одговара за само за 100-те долари, со кој се обидел да плаќа во продавница.
Tweet |