речник контакт

Кривична за сопственикот на Еко Кулев

Според финасиската полиција, А.К. го оштетил Републичкиот Буџет за 170 илјади евра со ,,даночно затајување,,

Петар Печков

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, Оддел за финансиски криминал во содејство со Управата за јавни приходи до ОЈО Скопје поднесе пет кривични пријави против вкупно 16 физички лица  и 5 правни лица (фирми), пришто петмина од физичките лица се сторители на кривичното дело „даночно затајување“ .

Меѓу нив е и велешанецот, сопственикот на друштвото Еко Кулев, А.К. ( 42 год) кој е осомничен зедно со чeтворица скопски газди. Во лажните фактури пријавените внесувале невистинита содржина како да е извршен промет со стоки или како да се направени определени услуги со искажан ДДВ од 18% и ги насочувале кон петте друштва-корисници на лажните фактури, што пак за овие друштва претставувал влезен ДДВ, кој потоа неосновано го пребивале со нивниот излезен ДДВ.

Овие друштва наводно направените услуги или стоката набавена на црно, со приемот на лажните фактури ја легализирале по што ја продавале на други друштва и добивале приливи на средства на сметките. Бидејќи друштвата-корисници на лажните фактури имале потреба од набавка на други стоки (исто така без документи, на црно), приливните средства од продадената стока ги пренесувале на сметките на 13 –те друштва издатели на лажните фактури, кои потоа, другите пријавени (издатели на лажни фактури), ги подигале (за определен договорен надомест) како готовина која ја предавале на рака на пријавените одговорни лица во друштвата корисници на лажни фактури, со што им овозможиле неосновано да се стекнат со готовина.

На овој начин сите пријавени заеднички го сториле кривичното дело – “даночно затајување“, со што го одбегнале плаќањето на даночни обврскии  и ја оштетиле државата за 450 илајди евра. Еко Кулев за 170 илјади евра.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »