Петар Печков
Објавено: петок, 29 јануари 2021
СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.К.(38), сопственик и управител на угостителски објект и правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 31.12.2020 од полициски службеници, при извршена контрола во објектот, било констатирано дека не биле почитувани протоколите и издадената наредба од Владата на Република Северна Македонија во врска со забраната за групирање на повеќе од четири лица на една маса во угостителски објект -стои во соопштението од МВР.
Ова е прва ваква кривична пријава за угостител во велешко, во време на пандемијата на корона вирусот.
Tweet |