Петар Печков
Објавено: вторник, 16 февруари 2021
СВР Велес поднесе кривична пријава против К.Г.(30) и Љ.Ј.(36), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
На 11-ти февруари, околу 20ч. во продажен објект во Велес, пријавените со закана се обиделе да одземат пари од вработената, но не успеале и побегнале- соопшти МВР.
За 15-тина минути велешката полиција ги пронашла и уапсила двете лица кои се дале во бегство.
ОЈО Велес против К.Г.(30) и Љ.Ј.(36), отворило истрага а поради можноста да побегнат, побаран е притвор, кој судија во претходна постапка од Основен суд Велес го прифатил и лицата се во Шутка.
Tweet |