Петар Печков
Објавено: четврток, 19 октомври 2023
Велешката полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Велес, за правно лице и нејзиниот сопственик, за даночно затајување. Со неточни податоци за складираните и продадени огревни дрва, го оштетувале државниот Буџет.
„Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против правно лице од Велес и против Ј.Н.(48 год) од велешко, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик. На 25.09.2023, полициски службеници од Отсекот за економски криминал извршиле контрола во правното лице во Велес, кое врши продажба на огревно дрво, при што било констатирано даночно затајување од Ј.Н., односно за да се одбегне целосно или делумно плаќање на данок, придонес или некоја друга давачка, дал лажни, неточни и други факти за утврдување на количината на огревни дрва кои ги има на плацот за продажба на огревни дрва“ - информира Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
фото илустрација интернет
Tweet |