речник контакт

Кривични за диво копање минерали

Двајца велешани и една фирма незаконски експлоатирале минерални суровини

Петар Печков

СВР Велес до Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против лицата М.Ѓ. (52) и Т.Д. (47) од Велес како и против правно лице „Пела Констракшн Инкорпорејтед“ , поради основано сомение дека сториле кривично дело – “незаконска експлоатација на минерални суровини“, односно, спротивно на законот, без концесија или дозвола вршеле ископ и експлоатација на минерални суровини.

На ден 14. 10. годинава при извршена контрола од страна на инспектори од Одделот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Велес, во атар на село Ораовдол, општина Чашка, а во врска со незаконска експлоатација на минерални суровини, затекнати се три лица како со работни машини вршат ископ на минерална суровина-кварц.

При извршената контрола во документацијата, утврдено е дека фирмата “Пела Констракшн Инкорпорејтед“ врши ископ надвор од рамките на добиената концесија, односно по извршените проверки од страна на геометар утврдено е дека местото на ископ е оддалечено од концесиското поле приближно 1.300 метри во воздушна линија.

На 13 минатиот месец при извршена контрола од страна на инспектори од Одделот за економски криминал при СВР Велес, во близина на фудбалското игралиште во село Извор затекнато е лицето Т.Д. вработено во фирмата “Пела Констракшн Инкорпорејтед“ како со работна машина Липкер ИЦБ врши утовар на кварц во две товарни моторни возила.

По извршените проверки утврдено е дека осомничениот Т.Д. спротивно на законот, без концесија или дозвола за експлоатација, во атарот на село Извор од неутврдени локации во повеќе наврати експлоатирал минерална суровина-кварц и со помош на работна машина го пренел и складирал во близина на фудбалското игралиште во село Извор. Откако собрал поголема количина, сега пријавениот се договорил со фирмата Пела Констракшн Инкорпорејтед да и ги предаде кварцните камења, по што би му била исплатена претходно договорена сума.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »