речник контакт

Кривични за превоз на дрво, без поседување лиценца

Во двата случаи превезувано е огревно дрво

Петар Печков

За неколку дена СВР Велес поднесе кривични пријави против две лица, оти превезувале огревно дрво а немале лиценца за тоа. 

Поднесена е  кривична пријава против З.С.(44) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 28.09.2019 и 03.10.2019 на крстосница за село Горно Врановци пријавениот, со товарно возило „сканија“, во негова сопственост, вршел јавен превоз на огревно дрво без лиценца за превоз од надлежна институција.

Поднесена е  кривична пријава против А.Ќ.Ј.(30) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На  07.10.2019 во Чашка, со товарно возило „сканија “, управувано од Т.О. а во сопственост на пријавениот, вршел јавен превоз на огревно дрво, без лиценца од надлежна институција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »