речник контакт

Кривични за раководител на ПЕ на Фонд за здравство и управител на аптека

Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против раководител на подрачна служби на Фондот за здравствено осигурување и управител на ПЗУ Градска аптека за злоупотреба на службена положба и овластувања.

Петар Печков


Кривичните пријави се поднесени против И.Л (43) од Велес, раководител на подрачната служба Велес во ФЗОМ,и и Б.М. (39) од Велес, управител на ПЗУ Градска аптека Велес.

Пријавениот И.Л. во текот на 2005 година во својство на раководител на подрачната служби на ФЗОМ овозможил веќе платените лекови од страна на Фондот да се платат повторно на ПЗУ Градска аптека Велес во износ од 8.333.095 денари, која била  во сопственост на Јака  80 АД Радовиш чиј доминантен сопственик е Јовица Стефановиќ-Нини.

Пријавената Б.М. во својство на управители на ПЗУ Градска аптека во Велес доставила фактури без да наведе дека тие не треба да се платат од страна на Фондот за здравствено осигурување на Македонија според претходно потпишаните договори меѓу ФЗОМ и ПЗУ Градска аптека од Велес. Тие се стекнале со противправна имотна корист и го оштетиле Фондот за здравствено осигурување на Македонија во износ од 8.333.095 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »