речник контакт

Кривични за управители, адвокати, извршител, судски вештак

Шестемина пријавени на останатите акционери на АД „Керамика“ Велес им нанеле штета од 75 милиони денари

Петар Печков

СВР Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата С.А (1966) од Гевгелија – извршен директор на АД „Керамика“ Велес во периодот од 2000 година до 17.01.2013 година и сопственик/управител на „ Дидо Груп “ Гевгелија , М.А. (1969) од Гевгелија- претседател на Собрание на акционери на АД „Керамика“ Велес од 16.01.2003 -17.01.2013 година, сопственик/управител на „ Соми“ Михаил ДООЕЛ Гевгелија, С.Л. (1963) од Велес- службено лице- адвокат , А.К. (1969) од Кавадарци – службено лице- извршител, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Д.Т. (1973) од Велес- службено лице- адвокат , Ј.С. (1963) од Велес- службено лице- судски вештак, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање во извршување кривично дело“.

Со наведените кривични дела, пријавените на останатите акционери на АД „Керамика“ Велес им нанеле значителна штета од 75 341 429 денари.

Во временскиот период 2004-2011 година пријавените лица во својство на службени и одговорни лица, по претходен заеднички договор, во повеќе наврати донеле Одлуки, а потоа меѓусебе, односно помеѓу правните лица кои ги застапуваат АД „Керамика“ Велес и „Соми “ Михаил ДООЕЛ Гевгелија склучиле Анекси на Договор за закуп на недвижен имот- сопственост на АД „Керамика“ Велес , договори за кои знаеле дека претставуваат здлеки со заинтересирана страна, без одобрение од надлежен орган- Собрание на акционери на АД „Керамика“ Велес.

Во 2009 година АД „Керамика“ Велес раскинало договор за закуп на простор со „Соми“ Михаил ДООЕЛ Гевгелија пред истекот на неговата важност, по што, во 2010 година „Соми“ Михаил ДООЕЛ Гевгелија до Основен суд Велес поднесува тужба против АД „Керамика“ Велес за надомест на штета од 1 960 000 евра, заради нанесена ненадоместлива штета заради незаконски раскинат договор за закуп.

Првопријавениот- во својство на извршен директор на АД „Керамика“ Велес признава дека заради раскинување на договорот за закуп второпријавениот-сопственикот на „Соми“ Михаил ДООЕЛ Гевгелија има претрпено одредена штета. Во 2011 година тужбеното барање е усвоено, со што АД „Керамика“ Велес се задолжува да исплати надомест на штета во износ од 74 377 916 денари на „Соми“ Михаил ДООЕЛ Гевгелија.

Откако пресудата станала правосилна и извршна, во 2011 година, во постапката за извршување, извршена е проценка на недвижноста сопственост на АД „Керамика“ Велес и на јавно наддавање во 2011 година како купувач се јавува второпријавениот- управител на „Соми“ Михаил ДООЕЛ Гевгелија кој го купува имотот на АД „Керамика“ за проценетата вредност од 75 341 429 денари.

При тоа, четвртопријавениот во својство на службено лице- извршител, изготвил заклучок за извршена продажба и ја предал недвижноста во владение на второпријавениот, иако не бил уплатен полниот износ од продажбата.Со наведените дејствија, пријавените им нанеле значителна штета на останатите акционери на АД „Керамика“ Велес од 75 341 429 денари.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »