речник контакт

Кривично дело е приватна снимка со експлицитни сексуални содржини да се достави на трето лице, или прошири во група на повеќе лица

Со оваа промена треба законски да се застане на пат на заканите за објавување приватни видео секс снимки, но и објави на истите по социјалните мрежи

Петар Печков

Со оваа промена треба да се законски да се застане на пат на заканите за објавување приватни видео секс снимки, но и објави на истите по социјалните мрежи  

Поради засиленото онлајн насилство и честите дела со објава на приватни експлицитни снимки со секс, минатата година беа донесени измени во Кривичниот законик, поточно член 152-а кој сега гласи:  воведување ново кривично дело „злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио записи или списи со сексуално-експлицитна содржина” со кое се врши инкриминирање на дејствија што подразбираат сторител на трето лице да му направи достапна видео или друга снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално-експлицитна содржина, без согласност на лицето на кое тој спис се однесува, односно без согласност на лицето кое е прикажано на снимката или фотографијата или чиј глас е снимен на аудио записот.

За ова дело е предвидена казна затвор од 5 години, а истата казна важи и за тој што со употреба на компјутерски систем или на друг начин ќе изработи нова или ќе промени постоечка видео или друга снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално-експлицитна содржина која се однесува на некое лице и ќе ја употреби таквата снимка, фотографија, аудиозапис или спис или ќе ги направи достапни на трето лице. Казната е поголема доколку се прошири по групи или повеќе лица, а во случај ова дело да е сторено врз дете, казната е и до 10 години затвор.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »