Петар Печков
Објавено: петок, 23 декември 2022
Продолжува падот на цената на маслото за јадење. Зејтинот на Велешка Маслодајна падна под 100 денари за литар, продажна цена, иако пред половина година беше 160.
„Во пресрет на новогодишните и Божикни празници, како општествено одговорна компанија ја симнавме цената. Граѓаните во овој период купуваат масло за јадење, има зголемена побарувачка. Затоа како наш одговор кон нив, ја намаливме цената. На тоа влијаеше и падот на цената на светските берзи како и помошта од Владата за субвенционирана електрична енергија“ - велат од Кристал 1923.
Потсетуваат дека за разлика до други основни прехранбени продукти, лебот, брашното, млекото, млечни производи, маслото за јадење има пад од 40 отсто на цената од пред седум месеци.
„Цената е намалена на сметка на добивката на компанијата, оти за потсетување Маслодајна како единствен производител на масло за јадење кое се добива со преработка на сончогледот, оваа индустриска култура ја набавиме по 570 евра за тон а цената на берзите е далеку пониска, го име во изобилие во Бугарија, Украина. И откупениот сончоглед е исплатен кон одгледувачите“ -додаваат од Кристал 1923.
Tweet |