речник контакт

Криумчар на мигранти, повредил осум мигранти и двајца полицајци, додека бегал по автопат со возилото

Инцидентот се случил на автопат Велeс - Катланово

Петар Печков

 Вчера пoпладнето, бркотница на автопат кон Скопје, во која криумчар на мигранти повредил и мигранти и полициски службеници, кои се обидувале да го сопрат.

„На 27 септември околу 16 ч на автопатот „Пријателство“, во близина на Катланово, скопско, М.М.(24) од Идризово, скопско, управувајќи патничко возило „форд фокус“ со украдени регистарски таблички во Велес, во правец од Велес кон Катланово, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со возилото удрил во две полициски службени возила и во двајца полициски службеници. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил М.М. и еден полициски службеник, а со телесни повреди се здобиле друг полициски службеник и осум лица мигранти, кои ги превезувал во возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - соопштија од МВР.

Увид бил извршен и по целосно документирање и расчистување на случајот, полицијата  ќе поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »