речник контакт

Криумчари на мигранти бегале низ Градско, завршиле во ископ

Еден од мигрантите се здобил со тешки повреди а при бегството два автомобили на сопственици од Градско се оштетени

Петар Печков

Вторникот вечерта  бркотница во Градско, кога двајца криумчари на мигранти бегале пред полицијата. При бегството оштетиле два автомобили, сопственост на лица од Градско а еден од мигрантите кои ги превезувале е потешко повреден. Завршиле во ископ близу Железничката станица.

„На 25 април  во 22 часот, полициски службеници од СВР Велес–Полициска канцеларија Градско ги лишиле од слобода Џ.Р.(22 год) и Ф.З.(22 год), двајцата од село Батинци, општина Студеничани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 418 Д од Кривичниот законик (трговија со луѓе). Околу 21.40 часот на регионалниот пат Градско – Велес, полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р., а сопатник бил Ф.З. . Возилото не застанало, продолжило со движење, по што излетало од патот и удрило во паркирани патнички возила „сеат“ и „опел“ со велешки регистарски ознаки“ - соопштија од МВР.

Околу 21,45 била побарана е помош од Итната помош.

„Во истумбан автомобил,тројца пациенти се жалеа на повреди,  дадена е здравствена помош, свесни, со политраума и префрлени на хируршко одделение на натамошен третман“ - соопшти д-р Василка Пановска, началник на службата за Итна помош.

„Околу 22,40ч. примени се тројца пациенти. Кај двајцата еден мигрант и еден од тие што управувале со возилото констатирани се лесни телесни повреди и се пуштени. Третиот пациент,мигрант според извршните компјутерски снимања има тешка телесна повреда“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес.

Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Х.(30 год) од Пакистан, додека со телесни повреди се здобиле Џ.Р., Ф.З. и М.С.А.(28), сопатник од Пакистан, констатирани во болницата во Велес.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава најавија од полицијата. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »