Петар Печков
Објавено: четврток, 06 септември 2018
Вчеравечер, среда, околу 21.00 часот на автопатот Неготино-Градско, во близина на место викано „Црвени брегови“, при конторла на полицијата било откриено криумчарење на мигранти.
Било запрено товарно возило „Форд-Транзит“ со скопски регистарски ознаки и во него биле пронајдени 18 лица-илегални мигранти од Авганистан. Возачот А.Н.(19) и совозачот Л.С.(18), двајцата од село Слупчане, општина Липково, се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени, лишени од слобода и приведени во Полициската станица, зааедно со мигрантите, за понатамошна постаппка- изјавија од СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Tweet |