Петар Печков
Објавено: вторник, 10 септември 2013
Во конкуренција на десет екипи во спортски риболови кој изминатиот викенд се одржа во Битола на езерото Стрежево, победија велешани. Членовите на здружението ,,Кркушка,, беа најдобри во дисциплината лов на јадица со пливка. Втор беа рибарите Јужна Морава од Врање а трети Св. Стефан од Охрид.
На натпреварот учествувале клубови од Македонија и Србија. Ова е 18-ти по ред Меѓународен турнир во спортски риболов. Овој викенд, поточно в недела на брегот на езерото Младост Здружението на спортски риболовци ,,Кркушка,, е организатор на меѓународен турнир во спортски риболов.
Tweet |