речник контакт

Кровот на Спомен Костурницата повторно прокиснува

Кровот на Спомен Костурницата повторно прокиснува и го доведува во опасност најголемиот мозаик во Македонија, дело на Петар Мазев.

Петар Печков

Кровот на Спомен Костурницата повторно прокиснува и го доведува во опасност најголемиот мозаик во Македонија, дело на Петар Мазев.
Иако мина четири години од нејзината санација, поправката не издржа долго и влагата му се заканува на објектот да го оштети. Во него се сместени останките на велешките борци, меѓу нив и коските на Коста Солев Рацин.

- Мора итно да се реновира кровот на Спомен Костурницата, бидејќи во спротивно лошо и се пишува. Треба да се интервенира за да не дојде до поголеми оштетувања - вели Марјан Клифов, раководител на објектот. Тој потсетува дека при претходната санација требало покривот да се покрие со олово, но поради штедење се покрил со писа.

Тогаш стручњаците од Републичкиот Завод за заштита на спомениците констатирале дека при изградбата не била направена адекватна заштита на арматурата. Најголема опасност е оксидот од арматурата, кој го разорува материјалот што го спојува со костурницата а за комплетна санација биле потребни 100 илјади евра.
Бидејќи тие пари ги нема, работено е со друг материјал. Тогаш за да се интервенира на објектот, парите кои беа наменети за обнова на спомен куќата на Касапови, се пренаменија за Спомен Костурницата. За овој проблем биле запознати и надлежните од РЗЗС, тие дошле еднаш но повратно не доставиле никаква информација.

\"\"

Од народаниот музеј, под чија надлежност е споменикот не веруваат дека годинава ќе се случи нешто, бидејќи објектот не бил влезен во програмата за работа. Од друга стана градоначалникот на Велес, има конкретен предлог како да се најде решение.

- Евидентно е дека изведувачот не сработил како што треба, па сега Министерството за култура треба да побара, работите да се извршат според прописите по што кровот нема да протекува - вели  Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »