речник контакт

Кровот на пазарот во Нова Населба прокиснува

ЈКП Дервен, кој стопанисува со просторот, пресметал за санација се потребни 5-6 милиони денари

Петар Печков

Кровот на пазарот во Нова Населба, прокиснува и водата паѓа врз пазарџиите и купувачите. Затоа тие реагираат на ваквата состојба.  Сметаат дека за  париte кои ги даваат за користење на тезгите, треба да добијат адекватна услуга.

  Има  проблеми и со електричната инсталација од прокиснатиот кров  па може да дојде до несакани инциденти. Овој проблем е присутен подолго време, две години и редно е ЈКП Дервен да помогне – велат пазарџиите од покриениот пазар во Нова Населба.

И советниците од Општина Велес бараат овои проблем кој е присутен со години да се реши. Своетничката Валетнина Делиманчева Андреева, го постави како советничко рпашање, но и до надлежните од ЈКП Дервен.

Од ЈКП Дервен објаснуваат дека го знаат проблемот. Тие веќе направиле пресметки кои се движат   до  5-6 милиони денари за комплетно санирање и внатре и надвор на Пазарот во Нова Населба.

Очекуваат дека да помогне и општинскиет власти, бидејќи иако пазарот е во подрумски простории, кровот е дел од јавно прометна површина,  од каде водата прокиснува и затоа е потребно заеднички да го санираат кровот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »