Петар Печков
Објавено: сабота, 08 октомври 2011
Надежите дека Велес по подолго време, по години, ќе бдие домаќин на еден официјален меѓунроден натпревар во екипен спорт, се растури. По инспекцијата на РФМ на салата Гемиџии, и констатацијата дека кровот прокиснува, тие решиле Велес да не биде домаќин на средбата помеѓу Македонија и Литванија, во квалификациите за ЕП во ракомет жени а закажана е за 18-ти октомври.
Органзиаторот Ракометната федерација стравувале дека во случај на дожд и врнежи, може да се случи натпреварот да биде нерегуларен, по што би следеле и казни од ЕХФ. Поради тоа, и покрај желбите Велес да биде домаќин, тоа не се случи.
Интерес за натпрваро да се одигра во градов покажа и претседавачот на Советот, Чадиев, кој потврди дедка тие ќе ги платат трошоците за одигрување на средбата, што го бараше РФМ. Но до ова не дојде. Сега останува ЈП Парк Спорт и локлната власт, да сторат се за кровот од салата Гемиџии да се поправи, за да може да се играат други следни меѓународни средби во Велес.
Tweet |