Петар Печков
Објавено: четврток, 13 септември 2012
Откако во градот се разви дебата за и околу новиот предложен сообраќаен режим на улица Благој Ѓорев, најмногу интерес привлекува, колку велешките крстосници се опасни по учесниците во сообраќајот?
На ова прашање одговор даваат статистичките показатели за бројот на сообраќајни незгоди на најфреквентните крстосници во градот, кои треба со новиот режим на сообраќај да се менуваат, некои со семафори други со кружен тек.
ТРМР дојде до податоците за сообраќајките на шест крстосници, каде се собрани сообраќајните незгоди за последните седум години. Бројките покажуваат дека најмногу сообраќајки има на крстосницата кај ресторан Панини.
Патем од Сообраќајната полиција стигна поддршката за новиот сообраќаен режим, со тоа што тие порачуваат дека кај ЗОИЛ не треба да се менува сообраќајниот режим. Сообраќајната полиција при СВР Велес ги собрала и документирала сообраќајките за период 2005-20011 и еве ова се податоците:
Крстосница пред Панини:
вкупно незгоди 26, незгоди со материјална штета 14, незгоди со повредени лица 12, од кои три се со тешки повреди
Крстосница кај Железничката зграда:
Вкупно незгоди 21, незгоди со материјална штета 15, незгоди со повредени лица 6 од кои две се со тешки повреди
Крстосница семафори кај Макпетрол:
Вкупно незгоди 21, незгоди со материјална штета 15 и шест со повредени лица од кои еден е со тешки повреди
Кружен тек кај Коњот, НА-МА
Вкупно незгоди 8, незгоди со материјална штета 3, незгоди со повредени лица 5 од кои едно е со тешка
Крстосница кај влез во Велес, кај Башино село
Вкупно незгоди 18, со материјална шета 11, со повредени лица 7, од кои едно е со тешка повреда
Крстосница кај ЗОИЛ ( за две години период)
Регистрирани две сообраќајки, една со материјална штета и едно со тешка повреда
Tweet |