речник контакт

Крстосницата пред Панини доби ново сообраќајно решение

Наместо скап кружен тек добивме едноставно и поефикасно решение - вели градоначалникот Коцевски

Петар Печков

Една седмица во функција е новото сообраќајно решение за крстосницата пред Панини, која беше едно од тесните грла во сообраќајот на градот. Извршена е реконструкција на крстосницата помеѓу улиците ,,Благој Ѓорев" и ,,Наум Наумовски Борче". Градоначалникот Аце Коцевски вели дека нема повеќе долги колони и застој во сообраќајот во ударните термини, наутро и попладне, ниту е одземен дел од тротоарот кај Гимназија, што ќе се случеше ако се градеше турбо кружен тек. 

Наместо скап  и гломазен  кружен тек на сообраќај, со едноставно и многу поевтино решение  обезбедивме побезбедно одвивање на сообраќајот, побрзо разминување и напуштање на крстосницата, заштеда на гориво, помала емисија на издувни гасови и помало загадување на животната средина - рече Коцевски.

Тој најави дека  треба да се довршат градежните работи со мини кружен тек пред сендвичара ,,Круг,,  кој ќе бил со мали димензии. Првите согледувања од терен покажале дека нема такви гужви и застој.

Анализите на стручните служби покажуваат дека решението е исклучително добро, намалени се гужвите во ударните термини, нема такви колони како што имаше. Треба само возачите да ги заборават претходните навики и да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци - додаде Коцевски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »