Петар Печков
Објавено: недела, 10 јули 2016
Во саботата на езеро Младост се случи крштевање, на припадник на Христијанско адвентистичката црква. Се крсти Славица Спасова од Штип. На чинот присуствава бројни верници на оваа црква и од Велес и од Штип, кои настанот го проследија со пеење на верски песни .
Ова беше Библиско крштевање, како што самата Библија кажува. На возрасна личност, нејзина лична одлука, со потопување во вода, како што го сторил Јован крстител во водите на реката Јордан. Библиски гледано кога човек реши да се крсти сите гревови кои дотогаш ги има сторени, Бог ги брише. На личноста не се гледа повеќе како на грешник, туку на праведен човек. Тоа е момент за нов почеток на неговиот живот и затоа е потребно да биде на возраст од 14-15 години и повеќе - објасни Михајло Гурев, пастор на Христијанско адвентистичката црква .
Чинот на крштавање беше бесплатен и го привлече вниманието на големиот број посетители кои саботното попладне го искористија за одмор покрај брегот на езерото Младост.
Христијанско - адвентистичката црква во Македонија е регистрирана верска заедница, согласно Законот.
Tweet |