Петар Печков
Објавено: петок, 22 јануари 2016
Кумановецот В.М. (53 год) загинал во сообраќајка која се случила во четвртокот попладне близу Велес. Тој во засега неутврден час излетал од автопатот Скопје - Велес, на 2 км. близу наплатната рампа ,,Сопот,,. Неговиот автомобил ,,фиат линеа,, со скопски регистарски таблички бил пронајден околу 17 ч. покрај реката Вардар, од случаен минувач, кој ја информирал полицијата.
Поради непристапност на теренот, ангажирани се припадници на Единицата за специјални задачи при МВР кои го извлекоа телото на загинатото лице и по наредба на надлежен обвинител истото е пренесено во Институтот за судска медицина заради обдукција и идентификација - изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.
Подоцна телото на починатиот е идентификувано со помош на патна исправа, која била пронајдена при увид на местото од сообраќајката. На делницата од автопатот, каде е случена несреќата не се приметуваат траги од кочење. При стравотниот пад, автомобилот летал 150 метри висина, а на овој дел од автопатот немало заштитна ограда, бидејќи автомобилот излетал на место каде имало проширување, за импровизиран паркинг.
Истрагата треба да даде одговор кога се случила сообраќајката, зошто возачот излетал во провалија длабока 150 метри, дали возилото било исправно, во каква состојба бил возачот . Сега починатиот В.М. кога бил пронајден , бил надвор од автомобилот, излетан од возачкото место и бил сам во него. Увид на местото извршил јавен обвинител и полициски службеници, чија истрага треба да ги даде одговорите, за сите прашања од несреќата.
фото: Телеграф.мк
Tweet |