Петар Печков
Објавено: петок, 27 ноември 2020
Двајца кумановци заработија притвор оти се уапсени како превезуват 36 кг марихуана, објави МВР. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против А.И. (59) и З.М. (52), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело - „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги”.
Осомничените А.И. и З.М. од Косово набавиле марихуана заради понатамошен транспорт до Турција, со цел стекнување на противправна имотна корист. На 04.11.2020 тие отпатувале во Косово за да ја преземат марихуаната, по што се вратиле во земјава, а товарното возило во кое била марихуаната по насоки на А.И. било паркирано на договорена локација во Скопје. На 09.11.2020 З.М. по инструкции на А.И. тргнал за Турција при што на автопат Скопје-Велес изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Од страна на полициски службеници од ЕНТД извршен е преглед на товарното моторно возило при што во истото пронајдена е марихуана- изјавија од МВР.
Пронајдената марихуана е предадена за вештачење и утврдено е дека е со вкупна нето тежина од 36 кг. Лицата се лишени од слобода и изнесени пред судија на претходна постапка, при што одредена име мерка притвор во траење од 30 дена.
Tweet |