Петар Печков
Објавено: четврток, 28 март 2013
Се одиграа првите полуфинални натпревари во одбојкарскиот куп. Екипата на Форшпед победи во Струмица против екипата на Македонија Макс со 2:3 (25:23, 13:25, 26:24, 17:25, 4:15). Велешанки како гости стигнаа по предност пред вториот натпревар кој се игра на 10-ти април во Велес. Иако губеа со 1:0 и 2:1, одбојкарките на Форшпед стигнаа до победа а во тај брекот ја растурија убедливо домашната екипа. Најавуваат дека ќе победат и тогаш и повторно ќе играат во финалето, каде се две години по ред.
Во машка конкуренција Борец Брако беше домаќин во Велес на екипата на Лирија од која загуби со максимални (24:26, 20:25, 19:25) иако во трите сета се водеше израмнета борба. Реваншот во Тетово се игра по две седмици.
Tweet |