Петар Печков
Објавено: сабота, 15 август 2015
Продолжува изживувањето врз животните во градов. Граѓанските здруженија посочија на нов случај, кога куче домашен миленик е безмилосно малтретирано, со цел д а се усмрти. Во петокот било пронајдено со врзани нозе, со јаже, фрлено во Вардар.
Кучето цела ноќе се борело да преживее да не се удави. Го најде наш член и го спасивме. Го однесовме на ветеринар, и тоа сега е добро и спасено - велат од здруженијата ,,Обезбеди живот,, и ,,Четири ноџиња,,.
Велат дека настанот ќе го пријават во полиција, бидејќи овој случај се прекршува Законот за благосостојбата на животните.
Tweet |