речник контакт

Кучето Мони, прелиено со мазут, преживеа

Тоа сега е згрижено во Гевгелија

Петар Печков

Се сеќавате на кучето кое беше најдено во населбата Превалец, прелиено со мазут. Згрижено од членовите на здружението ,,Гласот на животините,, тоа преживеа и се вдоми, во Гевгелија.

Тажната приказна на кучето  Мони започна пред 3 месеци. Пронајдена прелиена со мазут, ветеринарите  советувале да се успие, оти нејзиното тело од мазутот, ќе почело да се скаменува.  За Мони еутаназијата бил единствен „лек.“, според стручните лица.  

За среќа, за неа се грижеле упорни луѓе, активисти,  кои не сакале да помислат на ова решение, Нејзината терапија траела два  месеци, во кои секојдневно се борела за да преживее. И прежиева.  Активистите за вдомување на животни и барале дом. Мони  е здрава и  вдомена од млад брачен пар од Гевгелија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »