Петар Печков
Објавено: недела, 03 јануари 2016
Во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија беше врачена Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2015 година.
Добитници на едно од најзначајните признанија за архитектура во Република Македонија, Големата годишна награда е Куќа на Водно, ул. “Питу Гили“ бр. 33 – Скопје, на авторите: Сергеј Никољски, Иван Мирковски и Симона Серафимовска Ѓуреска. Претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ Јовановиќ во своето обраќање истакна дека архитектурата отсекогаш била јавна дисциплина и дека ААМ секогаш го негувала архитектонското наследство и творештво.
„И покрај најлошиот перид во историјата на нашата архитектурата, сепак, квалитетната архитектура никој не може да ја сопре“, посочи Раѓеновиќ Јовановиќ пред присутните.
- Сметам дека Големата годишна награда останува едно од највредните признанија во сферата на архитектурата што се доделуваат во Македонија. УО на ААМ претпазливо формираше комисија составена од архитекти со интегритет и творештво, со единствена цел, стручност во вреднување на архитектурата – изјави Раѓеновиќ Јовановиќ, и на крај му се заблагодари на претседателот Иванов за неговото покровителство, кој, и покрај тоа што, за жал, на градот му се случува СК 2014, препознава квалитет и ја поддржува современата архитектура.
Tweet |