речник контакт

Куќата на Шукара, работена по нацрт на руски мигрант

Денес е сопственост на Весови. Нацртана е од инженер Слонцев од Русија.

Петар Печков

Во центарот на Велес, веднаш до поранешното  кино се наоѓа куќата на Весови, попозната како куќата на Шукара. Таа заедно со куќите на Ѓоргови е најубавата на главната градска улица. Типичен пример на старата велешка архитектура.  Жолтата боја, која е нејзино обележје  откако е  изградена и денес  го привлекува вниманието на минувачите. Посебно е впечатлива фасадата со елементите кои се нанесени на неа, ја прави единствена. Нејзин сопственик денес е адвокатот Андреја Весов, најмладиот член од познатото велешко адвокатско семејство Весови.  

Куќата е изградениот инженер Слонцев од Русија.Таа била порачана од нејзиниот сопственик Александар Ацо Шукар, Тој бил познат велешки трговец, кој се бавел со текстил, со платно. Куќата, планот е нацртна 1929 -та и е градена до 1932/3-та година, кога е завршена. Дрвенарија била обработена пред три година, да се постави. Толку време и требало да се исуши и потоа да се монтираат.  Куќата ја  купува  мојот дедо Андреја 1961-та а другиот  кат подоцна некоја година неговиот брат. Мојот дедо бил судија и адвокат. Куќата сите овие години однадвор остана иста. Да се заблагодарам на сегашниот градоначалник, Аце Коцевски кој во 2003-та заедно со другите куќи  на главната улица и ја освежи фасада   - вели Андреја Весов, помладиот.  Значајно е што во куќата, на приземје се наоѓа уште од првиот ден  кога  е пуштена за користење, дуќанот на Зографски, најстариот трговски објект кој се уште е во функција во Велес.  И тогаш  и денес,  ја има  истата намена и исти сопственици, дуќанот е  саатчиски и е на Зографски. За убавината на куќата говори архитект Станка Амбаркова, која ја има изучувано велешката архитектура.  

Авторот Солноцнев бил руски мигрант, кој во граѓанската војна во Русија, на почетокот од 20-тите години на минатиот век доаѓа во Велес. Од истражувањата мои ги изведов, тој во Велес изградил седум куќи. Втората е на Ѓоргови. Исто така познато велешкотрговско семејство. Таа е на 50-тина метри  од куќата на Шукара. Исто така е жолта со украсни елементи од фабриката на Лефкови. И трета куќа е во близина, кај Градскиот саат,  денес е верски објект, но таа има и најмногу промени на фасадата- објаснува Амбаркова. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »