Петар Печков
Објавено: четврток, 09 ноември 2006
Заврши обновата на куќите на Касапови и на Џинот, споменици на културата. Поради нивната автентична архитектура го привлекуваат вниманието на јавноста и се едни од белезите на Велес. Обновата која траеше една година беше со средства на Светската банка, во висина од 100 илјади евра, преку проектот ,,Развој на општините преку културата“ . И двете се лоцирани во старото градско јадро, во месноста Долни дуќани, во близина на спомен куќата на Васил Главинов и се во сопственост на градот.
- Би било убаво кога нашите новокомпонирани газди наместо да ни ги носат носат западните решенија, да ја продложат традицијата на старите мајстори. Така ќе ги зачуваме вредностите на предците. Тие немале с?стема за ладење, но имале прекрасни тремови и чардаци каде се озвежувале од високите температура. Куќите биле топли со многу детгали - вели Станка Амбаркова архитект.
За реновирањето на куќата на Касапови, во оваа втора фаза се потрошени 3,8 милиони денари. Таа е попозната како ,,куќата која лебди“ бидејќи е изградена на камен и од камен и доминира над стариот дел на Велес а нејзиниот чардак дава одличен поглед на Вардар. Таа е типичен пример на стара велешка архитектура, изградена кон крајот на 19 век со значајна ентериерна опременост, што зборува дека сопственикот бил имитен. Посебно се впечатливи раскошно обработените тавани и декорираните врати, чија автентичност со реновирањето е сочувана. Претходно најавените содржини за намена на куќата на Касапови, локалната власт ги повлече така што се размислува што во неа ќе биде сместено.
Близу до неа, на стрмниот дел од левата страна на градот, е куќата на преродбеникот Јордан Хаџиконстантинов Џинот, каде тој работел и творел. Во неа се планира централно место да има соба каде ќе бидат изложени сите оригинални докумнети за него, како и соба со архивата на Боро Мокров, еден од оснивачите на македонското новинарство. Куќата на Џинот со лицето и големиот дрвен чардак е свртена кон реката Вардар и Адата. Ѕидовите се од кршен камен, фасадата е бела, покривот со турски бибер ќерамиди, дворот со калдрма. Посебно забележлива е гостинската соба, која е резбана а таванот е декориран. Џинот ова куќа ја изградил според негова замисла и требало да се користи како училиште.
И двете ќе бидат отворени за јавноста на денот на општината 9-ти ноември.

Tweet |