Петар Печков
Објавено: среда, 09 јуни 2021
Претставници на компанијата ЛИДЛ во Македонија, денес оствариле средба со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. На истата ја презентирале нивната намера, Велес, покрај Скопје да биде еден од градовите во Македонија, каде тие ќе отвораат маркет.
Денес се сретнав со г-дин Рубријан Хаџиев, раководител и г-дин Георги Асенов, одговорен за проширување на продажната мрежа на компанијата ЛИДЛ во земјата.
Разговаравме за интересот и за можностите за отворање продавница во Велес на ЛИДЛ, позната германска трговска компанија и една од најголемите компании за малопродажба во светот - соопшти Коцевски.
Недоманa беше објавено дека ЛИДЛ ќе отвора во Македонија осум маркети, а сигурна е локацијата во Скопје, за останатите градови е бараат локации. Во Велес од познатитеe брендови свој маркет има исто така германски, DM drogerie markt Makedonija
Tweet |