Петар Печков
Објавено: вторник, 20 октомври 2015
Членовите на организациониот одбор на рекреативната оф роуд трка која требаше да се одржи на Питијдата, на Општата Болница во Велес и подарија ЛЦД телевизор. Средствата кои беа собрани од котизацијата од 160-те учесници кои беа пријавени, наменски се искористија за купување на лцд телевизор. Истиот денес беше врачен на директор на оваа здравствена установа.
Хуманоста на велосипедистите и овој пат се покажа на дело, и покрај тоа што поради лошите временски услови патеката не се извози. Останува пријатно чувството дека сме сториле добар гест - изјави организаторот Зоран Јаневски.
Раководството на велешката Болница изразуваат благодарност за тоа што членовите на здружението ,,Велес бајкинг,, решиле донацијата да им ја посветат на болните од Велес. Директорот д-р Василев рече дека телевизорот ќе биде наменет за пациентите, никако не за персоналот.
Tweet |