речник контакт

Ла Манш и Жера oд Црвена Јабука заедно ја испеаја Бонаца

За оваа песна наскоро ќе се снима виддо спот во Сплит

Петар Печков

Велешката поп група Ла Манш  во средината на мај  го сними нивниот минатогодишен хит Бонаца во дует со Дражен Жериќ Жера пејачот на Црвена Јабука. Песната е снимена во студиото Анастасија во Скопје, автор е Роберто Панчевски, текстот на сплиќанецот Томислав Бузов, аранжманот на  Роберт Трајков.

Истата веќе е промовирана во Далмација каде се врти по тамошните радио станици, додека македонската промоција ќе биде заедно со промоцијата на спотот кој кон крајот на месецов ќе се снима во Сплит во продукција на студио Тулип. 

Најавена е и нова песна која наскоро ќе се сними на македонски заедно со Жера. Со оваа песна Ла Манш конкурираа лани на престижниот  Сплитски фестивал но не стигнаа во завршницата. Но затоа песната беше голем  летен хит во Македонија. 

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »